|
Хотел Скопје е мал семеен хотел кој е правен и дизајниран специјално за таа намена. Се наоѓа во единствен четирикатен објект сместен во најубавиот дел о д градот на улуцата Андон Дуков 27 во Скопје, веднаш спроти зоолошката градина, на само 200 метри од Американската амбасада, 10 минути пеш од центарот на градот и 5 минути до Владата на Република Македонија.
Веднаш спроти хотелот е Градскиот парк. На само 100 метри од хотелот се наоѓаат тениски терени, а на 500 метри пливачки базаен.
Во приземјето е сместен ресторанот со капацитет за 50 гости, а собите на хотелот се во 3-те катови над ресторанот, целосно опремени со климатизери, ТВ приемници, телефонски линии и комјутери си брз АДСЛ интернет кој им е на располагање на гостите без дополнителна наплата.
Во внатрешноста на зградата се наоѓа централен ходник кој се простира по целата висина на објектот, низ сите катови. Внатрешните страни на хотелските соби имат поглед на ходникот, кој е естетски и топло уреден..
Сите соби на хотелот се опремени со следнава опрема :
• Еден централен лифт за целиот хотел
• Купатило со туш кабина или ѓакузи када
• Климатизер
• Кабловски ТВ прием, со ТВ приемници 37-51 цм
• Телефонски апрат
• Компјутер со АДСЛ интернет
[ погледнете 360 галерија ]
На крајот не ни преостанува ништо друго, туку само да ви посакаме пријатен престој во нашиот хотел и да ви ја кажеме нашата девиза ДОАЃАТЕ КАКО СТРАНЦИ, А СИ ОДИТЕ КАКО ПРИАЈТЕЛИ. Се трудиме буквално да ја почитуваме и да ве испратиме како наши нови пријатели со желба повторно да се видиме. |